Skip to main content
Македонија

УХРМ со предупредување: Ќе наврне многу дожд и ќе дува силен ветер

12/03/2025  15:02

Во 14 часот биле измерени 8 степени на Попова Шапка, 12 во Лазарополе, 14 во Маврови Анови, 15 во Крушево, 16 во Охрид, Берово, 18 во Крива Паланка, 19 во Демир Капија, Тетово, Виница, 20 степени во Прилеп, Штип, Струмица, Кавадарци, 21 во Битола, Гевгелија, Велес, 22 во Скопје-Зајчев Рид, 24 во Скопје-Петровец.

Денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Дува умерен, на повеќе места засилен ветер од јужен правец, кој во Штип достигнува брзина до 65 km/h.

До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта.

Наместа врнежите ќе бидат поројни (над 15 л/м2) во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер (над 60 km/h).