Skip to main content
Македонија

УХМР: Минусните температури се враќаат повторно

05/02/2025  15:24

УХРМ за утре прогнозираат ведро и студено утро, а преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Следува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината.

Во петок и сабота по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.