Skip to main content
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/09/2026  16:05

Земјотрес со магнитуда од 2,7 степени е регистриран денеска попладне на територијата на Македонија, покажуваат податоците објавени од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според првичните информации, земјотресот бил регистриран во 14:29 часот, а неговото жариште било на длабочина од околу 15,3 километри, на 10 километри североисточно од Берово.

Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.

Податоците за магнитудата, длабочината и точната локација на епицентарот се првични и може дополнително да бидат ревидирани од надлежните сеизмолошки служби.