Skip to main content
Скопје

Учениците без настава веќе три дена – глувци во основно училиште во Бутел

10/04/2025  21:26

Голема вознемиреност меѓу родителите на учениците од Основното училиште „Панајот Гиновски“ во општина Бутел, откако во просториите на училиштето биле пронајдени глувци.

MK Summit

Загрижените родители заедно со своите деца денеска излегоа на протест, барајќи итна реакција од надлежните институции.

„Децата не следат настава веќе три дена. Бараме училиштето да се исчисти и дезинфицира за безбедност на нашите деца,“ изјави еден од родителите за ТВ21.

Родителите најавуваат дека ќе продолжат со протестот сè додека не се обезбедат безбедни и хигиенски услови за наставата.