Skip to main content
Хроника

Сообраќајка во струшко, две лица тешко повредени

13/09/2026  11:09

На 12.09.2026 година во 07.30 часот, на регионалниот пат помеѓу струшките села Велешта и Враништа, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „голф” со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(36) од селото Лабуништа и „голф” со струшки регистарски ознаки, управуван од Е.Ќ.(54), до селото Велешта.

Притоа, двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид како и Е.Б.(27) од Лабуништа, сопатник во првото возило. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.