Skip to main content
Хроника

Утрово загина млад македонски фудбалер

12/09/2026  12:54

Трагична вест го потресе Тетово. Во раните утрински часови денеска, во сообраќајна несреќа, животот го загуби младиот фудбалер Даниел Николовски (21).

Николовски бил дел од младинските категории на Тетекс, а љубовта кон клубот ја продолжил и во сениорскиот тим, оставајќи трага како член на тетовското фудбалско семејство.

Од ФК Тетекс со длабока болка се простија од својот поранешен младинец и сениорски фудбалер, истакнувајќи дека Даниел засекогаш ќе остане дел од историјата на клубот.

„Ќе остане запаметен како дел од нашето Тетексово семејство и засекогаш ќе биде дел од историјата на нашиот клуб“, порачаа од Тетекс.

Клубот упати најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и сите кои го познаваа Даниел.