Skip to main content
Балкан

Убиен 29-годишник во село кај Гнилане, неговиот татко осомничен и во бегство

12/10/2026  11:20

Маж на возраст од 29 години беше убиен со огнено оружје вечерта на 11 октомври во селото Пограѓе, во општина Гнилане, Косово. Според првичните информации на косовските медиуми, за убиството е осомничен неговиот татко, кој по настанот побегнал.

Портпаролот на регионалната полиција во Гнилане, Валон Османи, потврди дека полицијата околу 19:30 часот добила пријава за пукање. На местото пристигнала и екипа на итната медицинска помош, која констатирала смрт кај младиот маж.

Според досега објавените информации, осомничениот се оддалечил со автомобил. Полициските единици трагаат по него, а истовремено се преземаат дејствија за утврдување на околностите под кои се случило убиството.

Мотивот засега не е утврден. Истрагата треба да ги разјасни причините за пукањето и одговорноста на осомничениот.