Skip to main content
Хроника

Уапсени 13 лица, пронајдени и одземени марихуана, прашкасти материи и таблети

31/10/2026  13:07

На 30 и 31.10.2026 година, на различни локации во Скопје, Прилеп, Демир Капија, Боговиње и Штип, полициски службеници лишиле од слобода 13 лица на возраст од 18 до 46 години, кај кои биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, таблети и предмети со прашкаста содржина.

Во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Т.(37), М.А.(32), Л.А.(18), Е.Ѓ.(23), О.Ј.(22), О.К.(26), сите од Скопје, М.Х.(19) од населба Илинден, скопско, И.С.(35) од с. Ново Село, гостиварско, и Г.К.(46) од Кочани, откако кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и бела грутчеста материја.

На 30.10.2026 година, во 16:00 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека полициски службеници од затворската полиција при Казнено-поправната установа Затвор – Прилеп, при извршен преглед на осуденото лице И.Р.(32) од Прилеп, пронашле прашкаста материја, повеќе таблети во различни бои, како и предмети со прашкаста содржина.

Истиот ден, во 21:00 часот, во с. Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Х.О.(44) од с. Пирок, откако кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица.

На 31.10.2026 година, во 01:00 часот, во Демир Капија, полициски службеници од Полициската канцеларија Демир Капија го лишиле од слобода С.Р.(29) од с. Корешница, демиркаписко, кај кого при преглед биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и таблета. За настанот бил известен јавен обвинител.

На 30.10.2026 година, во 19:05 часот, во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ф.И.(26) од Скопје. При извршување службени задачи, полициските службеници забележале дека тој користи марихуана, по што го фрлил отпушокот, кој бил пронајден и одземен.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.