Skip to main content
Хроника

Уапсен радовишанец кај кого била најдена марихуана

08/11/2026  13:49

На 06.11.2026 година, во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ј.А.(25) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе различни пакувања со марихуана.

Ј.А. бил задржан во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.