Skip to main content
Хроника

Уапсен бугарски државјанин на „Деве Баир“, го барале од Интерпол Турција

14/04/2025  15:21

Вчера во 17 часот на Граничен премин Деве Баир, на излез од државата, полицијата го уапсила 67-годишниот Б.М. од Република Бугарија.

„Имено При Пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол-Република Турција. За настанот бил известен јавен обвинител и тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка“, информираат од МВР