
Институтот за јавно здравје информира дека заклучно до 8 август, во земјата се регистрирани 58 случаи на западнонилска треска, од кои 54 се потврдени, а четири се водат како веројатни.
Починати досега се осум лица, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.Во текот на изминатата недела (2-8.9.2026) пријавени се да нови случаи, од Скопје и Свети Николе. Регистрирани се и два нови смртни исходи, од Скопје.
Сите починати се од Скопје и се мажи. Просечната возраст на починатите е 71,9 година, сите биле хоспитализирани, а седум имале коморбидитети.
И од вкупно заболените 58 лица, повеќето се мажи 46, а 12 се жени.
Според место на живеење на заболените, 55 случаи се од Скопје, а по еден случај е од Велес, Куманово и Свети Николе.
Регистрирани се 57 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.

