
Ноќва во 01.55 часот на улица „116“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.С.(91)
од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговиот син Л.С.(66) од Тетово дека пукал со огнено оружје.
Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и на местото бил пронајден пиштол „Црвена Застава“ калибар 7.65мм и една рамка со 6 неиспукани куршуми, сопственост
на Р.С. кој го поседувал со дозвола, една испукана чаура и еден проектил од испукан куршум.