Skip to main content
Спорт

Турција елиминирана од Мундијалот уште во второто коло

20/06/2026  08:33

Турците си ги пакуваат куферите по само две кола. Солидната селекција на Парагвај се погрижи за тоа по синоќешната победа од 1:0.

Во моментов, ситуацијата во Групата Д е таква што САД се први со две победи, додека Австралија и Парагвај имаат по еден триумф. Турција е последна со нула. САД и Турција се среќаваат во последното коло, додека Австралија и Парагвај го решаваат второто место.