Skip to main content
Македонија

Трипуновски од Василево: Излегуваме во пресрет на земјоделците, побргу ќе ја направиме проценката, за да се обноват површините кои што се зафатени од невремето

11/05/2025  12:37

„По последното невреме кое што се случи овде, во комуникација сме со градоначалникот и локалната администрација. Денеска сум овде за да извршам увид и лично да ја процениме состојбата од невремето кое што го зафати овој дел на општината”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од општина Василево.

Тој посочи дека тече Јавниот повик за пријавување на штета, првичните барања веќе се пристигнати.

„Деновиве, Комисиите ќе излезат на терен нема да го чекаат крајниот рок до 20-ти мај кога треба да заврши повикот за пријавување на штети, се со цел да направиме благовремена процена на штетата која што е причинета, затоа што се работи за раноградинарски производи. Треба да излеземе во пресрет на земјоделците, побргу да ја направиме проценката, за да се обноват површините кои што се зафатени”, посочи министерот.