Skip to main content
Свет

Трамп: Доаѓа денот на пресметка и одмазда

13/01/2026  16:15

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Тру соушал“ напиша дека дека американската сојузна држава Минесота се соочува со „денот на пресметката и одмаздата“.

Трамп додаде дека во Чикаго е постигнат голем  напредок и покрај слабиот и некомпетентен гувернер и градоначалник кои се борат против нас цело време.

„Илјадници криминалци се отстранети! Демократите од Минесота ги сакаат немирите предизвикани од анархисти и професионални агитатори затоа што тоа го одвлекува вниманието од 19-те милијарди долари украдени од навистина лоши и пореметени луѓе. Не плашете се, големи луѓе од Минесота, денот на пресметка и одмазда доаѓа“, напиша Трамп.