Skip to main content
Балкан

Трагедија во Турција: Зграда се урна, најмалку пет лица затрупани (вознемирувачко видео)

24/01/2025  22:33

Четирикатна зграда се урна денеска во градот Коња, Турција, оставајќи најмалку пет лица заробени под урнатините, соопштија турските власти.

Досега, две лица се извлечени од урнатините со повреди, според информациите на приватната новинска агенција ДХА. Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата за пронаоѓање и извлекување на останатите заробени.

Овој инцидент потсетува на трагедијата од пред 21 година, кога во истиот град се урна станбена зграда од 12 ката, при што загинаа 92 лица, а околу 30 беа повредени. Тогашните истраги покажаа дека причина за уривањето беа структурните недостатоци и негрижата за објектот.

Турските власти продолжуваат со истрагата за утврдување на причините за најновиот инцидент.