Search

Судиите ќе одлучуваат дали бомбите се доказ против Мијалков и екскомандатот на Алфите

Судиите на Апелационит суд на јавна седница денеска треба да одлучуваат дали прислушуваните материјали може да се користат како доказ во предметот „Тортура“.

Станува збор за предметот за апсењето на Љубе Бошкоски, лидерот на „Обединети за Македонија“ во случајот „Кампања“, во кој првообвинет за тортура е ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Второобвинет во овој случај е екскомандантот на Алфите, Ивица Антевски-Пуки. Сите седум обвинети се товарат дека сториле кривично дело мачење и друго сурово, нечовечко постапување и казнување од Кривичниот законик.

Обвинителниот акт го оценуваше судијката Моника Бахчовановска. Кривичниот суд донесе решение со кое бомбите на СЈО се отфрлаат како доказ во постапката. СЈО вложи жалба до второстепениот суд. По овој предмет, скопска Апелација треба да одлучува уште за најголемиот предмет „Титаник“. Во сите останати случаи, Апелација одлучи бомбите да бидат доказ во постапката.

Треба да знаете
Последни објави