Skip to main content
Магазин

Студија покажува како кучињата можат да влијаат врз здравјето на жените

18/10/2025  21:42

Добро е познато дека кучињата се најдобриот пријател на човекот, но една нова студија покажува дека тие се особено корисни за жените.

Научниците тврдат дека кучињата би можеле да бидат едноставна и достапна форма на терапија за жените, бидејќи помагаат во намалувањето на негативното влијание на стресот и го подобруваат клеточното здравје, објавува Index.hr.

Сè уште не е познато дали имаат ист ефект врз мажите, но ова би можело да се испита во идните студии.

Кучињата како форма на терапија

Авторката на студијата, д-р Шерил Краузе-Парело, вонреден професор по нега на Универзитетот Флорида Атлантик, објасни дека животните имаат позитивен ефект врз менталното и физичкото здравје на жените.

„Нетрадиционалните пристапи, како што е поврзувањето со животни, можат да обезбедат значителна поддршка. Овие врски нудат емоционална сигурност и стабилност, што е особено корисно за жените“, рече таа.