Skip to main content
Македонија

Средба Николоски -Зомер: Унапредување на економската соработка, инвестиции и туризмот

23/11/2026  13:01

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер.

На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји, со посебен акцент на продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и отворање нови можности за инвестиции.

Посебно внимание беше посветено на инфраструктурните проекти и можностите за вклучување на швајцарски компании во реализацијата на инвестициските активности на државата. Вицепремиерот Николоски упати покана до швајцарските компании да ги разгледаат можностите потенцирајќи дека Македонија е отворена за нови партнерства и инвестиции.

На средбата се разговараше и за можностите за развој на туризмот и унапредување на авионските врски меѓу двете земји, како важен предуслов за зголемување на туристичката размена, поврзувањето на граѓаните и зајакнувањето на економските потенцијали .