СДСМ нема да даде поддршка на ДУИ за интерпелациите. Од партијата утрово соопштија дека потегот на ДУИ го гледаат како поттикнување на етничкки поделби, а тоа го потврди и координаторот на пратеничката група, Оливер Спасовски
„СДСМ и Коалицијата нема да ги поддржи и нема да гласа за интерпелациите поднесени од ДУИ зашто сметаме дека нема потреба да имаме нови етнички поделби и по основ на интерпелациите. Македонското Собрание во ниту еден случај не смее да биде мегдан за поттикнување на било какви меѓуетнички тензии и основ за отворање можности за поделба меѓу граѓаните. Доколку намерите на подносителите биле вистини, причините за интерпелациите во ниту еден случај не смееле да бидат поврзани со етнички контекст туку да бидат единствено со аргументи и со факти за работи на одреден министер или функционер. А за жал, аргументи и факти има колку сакате за да најдете причина за било каква интерпелација, рече Спасовски