Skip to main content
Хроника

Сообраќајот на патот Куманово–Крива Паланка во целосен прекин, поради сообраќајка

29/11/2025  10:20

Утрово од 8.30 часот магистралниот пат Куманово–Крива Паланка е во целосен прекин поради случена сообраќајна несреќа, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

И покрај овие прекини, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови. Обврската трае до 15 март 2026 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез или излез од државата.