
Тринаесет години по почетокот на изградбата, патот од Водно до Сопиште, предвиден со проектот „Сончев Град“, се подготвува за пуштање во сообраќај. Според информации до кои дојде 24инфо, се планира отворање на делницата, на која во последните неколку недели интензивно се работи.

Екипи на Јавното претпријатие за државни патишта го чистат коловозот, ја обновуваат патната обележаност и ја кастрат вегетацијата покрај патот. Долж делницата се поставуваат сообраќајни знаци и метални заштитни огради.
Патот беше пробиен и асфалтиран, но и по завршувањето на тие работи остана затворен за сообраќај. Со сегашните зафати се уредува делницата што треба да ги поврзе Водно и Сопиште.
Во информациите до кои дојде 24инфо нема прецизен датум кога по патот ќе можат да поминат првите возила.


