Skip to main content
Македонија

Сончево и топло, температури до 39 степени

03/08/2026  08:10

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 33 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде топло и ветровито. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Топлиот бран од југ ќе продолжи до крајот на неделата кога дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40 степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.