Skip to main content
Македонија

Сончево и топло со мала до умерена облачност

11/03/2025  07:39

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 23 степени.