
На 06.05.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.Р.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во група на социјална мрежа на станари од станбена зграда во Чаир се заканувал на 61 – годишна сосетка и уште еден сосед, информира МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.