Skip to main content
Култура

Симон Трпчески 2025 година ја продолжи со првиот од двата деби-концерта во Сантијаго, Чиле придружуван од Филхармонискиот оркестар на Сантијаго во Градскиот театар

09/03/2025  09:42

Нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески концертната 2025 година ја продолжи со првиот од двата деби-концерта во Сантијаго, Чиле. Придружуван од Филхармонискиот оркестар на Сантијаго во Градскиот театар, Трпчески го изведе Првиот концерт за пијано и оркестар од Чајковски. Диригентската палка беше во рацете на главниот гостин диригент на оркестарот, чилеанско-италијанскиот маестро Паоло Бортоламеоли.