
Попладнево и Хрватска беше погодена од силно невреме.

Град со големина на лешник паѓаше неколку минути, и предизвика штета врз овошните насади и растенијата.
Според прогнозата, невремето би требало да се смири до вечерта.
„Истрамет“ пишува дека огромни количини дожд наврнале на крајниот југ од Истра. Тие забележуваат дека дождот предизвикал и поплави.
Општината апелира до жителите да не користат лични возила, освен ако не е потребно, со цел да се овозможи непречено работење на службите за итни случаи и да се избегнат доцнења и евентуални оштетувања на возилата поради поплави.
ДХМЗ издаде жолто предупредување за грмотевици за крајбрежната област и регионот Осиек за вторник, додека истото предупредување за среда важи само за крајбрежјето.