Skip to main content
Балкан

Силно невреме и во Хрватска: падна град со големина на лешник, дождот ги блокираше улиците

06/05/2025  19:19

Попладнево и Хрватска беше погодена од силно невреме.

Според прогнозата, невремето би требало да се смири до вечерта.

„Истрамет“ пишува дека огромни количини дожд наврнале на крајниот југ од Истра. Тие забележуваат дека дождот предизвикал и поплави.

Општината апелира до жителите да не користат лични возила, освен ако не е потребно, со цел да се овозможи непречено работење на службите за итни случаи и да се избегнат доцнења и евентуални оштетувања на возилата поради поплави.

ДХМЗ издаде жолто предупредување за грмотевици за крајбрежната област и регионот Осиек за вторник, додека истото предупредување за среда важи само за крајбрежјето.