Skip to main content
Балкан

Силно невреме го погоди Загреб – наставата во прекин

27/03/2026  08:58

Силна бура и денес беснее низ цела Хрватска, загрепските пожарникари и службите за итни случаи работат нон-стоп и немаат време да ги отстранат сите дрвја, остатоци, контејнери… што ги дува ветерот по патиштата, делови од автопатот се затворени, бројни предупредувања се на сила за граѓаните.

Поради опасните временски услови предизвикани од бурни ветрови со сила на ураган, а со цел заштита на безбедноста на учениците во сообраќајот, денес нема да се одржува настава во основните и средните училишта во Загреб – соопшти утрово Град Загреб.

„Кој не мора да излезе денес – нека не излегува!“

Во седиштето на противпожарната служба во Загреб, градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, даде изјава за медиумите поради силната бура што го зафати градот.