
Граѓаните на Штип денеска се простија од петтемина загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Последна почит им оддадоа на Дамјан Таневски, Филип Ивановски, Филип Стевановски, Александар Коларов и Александар Ефремов.
Од најмладите Таневски и Ивановски граѓаните се простуваа во Соборниот храм „Свети Никола“, каде граѓаните со цвеќе и достоинствено и во тишина се простуваа од своите млади сограѓани.
Во црквата „Успение на Пресвета Богородица„ во штипско Ново Село штипјани се простија од баџанаците и членови на групата ДНК, Филип Стевановски и Александар Коларов, а во Црквата „Света Троица“ на Гробиштата во Штип граѓаните, роднините и пријателите се простија од Александар Ефремов, фотограф на ДНК.
Сите загинати беа погребани во гробиштата во Штип со почести од високи свештени лица на МПЦ-ОА.
На трите места каде се оддаваше последна почит на загинатите беа присутни тимови на Црвен крст и екипи на Прва помош.
Инаку, сите регионални и локални медиуми, како и дописниците на националните медиуми денеска не фотографираа и снимаа од погребот на петтемина штипјани, почитувајќи го барањата на дел од семејствата и пријателите на починатите да не се фотографира и снима