Search

Шампионот во акција: МЗТ „раскина“ со Гарсија и го ангажираше Соколов

Тоа што се најавуваше во јавноста денеска и официјално го потврди македонскиот шампион МЗТ Скопје, па нивен нов член е репрезентативниот бек Дарко Соколов.

Соколов доаѓа од таборот на Карпош Соколи кој минува низ тешка финансиска криза и играчите бараат нови средини во кои би ја продолжиле кариерата. Договорот на Соколов со „штрковите“ е на 18 месеци, а дебито во новиот табор би требало да го има на средбата против Цедевита на почетокот од следниот месец.

Клубот од Аеродром воедно информираше дека прекината е соработката со американскиот плејмејкер Ерик Гарсија кој веќе извесен период беше надвор од првиот состав на МЗТ.

Треба да знаете
Последни објави