Skip to main content
Македонија

Се враќаат седум пациенти од странство, 48 остануваат на лекување надвор од државата – Каква е нивната состојба?

11/04/2025  14:47

Министерството за здравство информира дека денес се очекува враќање на седум пациенти кои се лекуваа во странски медицински центри во Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун. Со ова, бројот на пациенти кои остануваат на лекување во странство ќе се намали на 48.

Состојбата на пациентите кои сè уште се третираат во странство, вклучително и критичните случаи, останува непроменета.

Во домашните болници моментално се лекуваат седум пациенти: четворица на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, еден на Клиниката за пластична хирургија и двајца во приватната болница „Систина“.

Министерството потенцира дека и понатаму внимателно ја следи здравствената состојба на повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман и рехабилитација.