Skip to main content
Македонија

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на вонредните избори во Брвеница

11/09/2026  22:43

ВМРО-ДПМНЕ го избра Стојанчо Радичевски за кандидат за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори, соопштија од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека кандидатурата на Радичевски била едногласно поддржана на редовна седница на Извршниот комитет на партијата.

Радичевски во моментов е претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница. Тој дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“, а образованието го продолжил со магистерски студии и е магистер по граѓанско право.

Од партијата очекуваат неговата кандидатура да добие поширока поддршка меѓу жителите на општината.

„Очекуваме обединување на сите прогресивни сили и поддршка за предлогот кој претставува чесно и искрено решение за напредокот и иднината на Општина Брвеница“, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ најавува дека на вонредните локални избори ќе настапи со очекување за убедлива победа и освојување на градоначалничката функција во Брвеница.