
Денеска се реализираше исплатата на мерките за директни плаќања за одгледани и продадени или заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети и директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети.
Исплатени се 10.909.520,00 денари за мерката за одгледани и продадени или заклани бројлери се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани бројлери во период од октомври 2023 година до септември 2024 година во регистрирани кланични капацитети.
Извршена е исплата од 105.178.050,00 денари кон 32 корисници на мерката за амортизирани несилки заклани регистрирани кланични капацитети се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани амортизирани несилки во период од 1 октомври 2023 година до 30 септември 2024 година во регистрирани кланични капацитети.