Skip to main content
Македонија

Се донесе предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми со цел да се зајакне конкурентноста во медиумскиот простор

11/03/2025  16:43

Владата на денешната 57-ма седница го донесе предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми. Со оглед на фактот дека резултатите од последните истражувања покажуваат дека над 70% од јавноста се информира на интернет, со што онлајн медиумите стануваат важен чинител во медиумскиот простор, се наметна потребата од нивно воведување во Законот за медиуми, што ќе придонесе и за поинтензивно поттикнување на саморегулацијата како битен сегмент за професионалното новинарско работење и зајакната конкурентност во медиумскиот простор.

Дополнително, на денешната седница Владата ги утврди членовите во Комисијата за утврдување на репрезентативност од надлежните институции и тоа, по еден претставник од Министерство за економија и труд, Министерство за социјална политика, демографија и млади и Министерство за правда.

Воедно, Владата ја донесе одлуката да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари како резултат на достоинственото презентирање на македонските спортисти во Хрватска на Светското првенство, со особена благодарност за нивната пожртвуваност.