Skip to main content
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е партија која најмалку се грижи за работниците и платите на граѓаните

10/04/2025  09:31

Соопштение на СДСМ:

Откако свесно дозволија цените да одат нагоре, без да усвојат ниту една мерка за зголемување на платите, сега се обидуваат да убедат дека граѓаните живеат добро и дека платите растат. Но граѓаните знаат подобро – ДПМНЕ се грижи само за сопствените партиски интереси. Тоа се гледа низ секоја нивна политика и постапка.

Ниту ги заштитија граѓаните од алчните трговци, ниту ја спречија инфлацијата, ниту понудија вистинска финансиска поддршка во кризата. Не се справија ниту со проблемите со парното и струјата, чии цени отидоа до небо.

Предоцна е Владата да се вади со лажен ПР. Граѓаните веќе ги почувствуваа нивните „економски политики” – и тоа на своја кожа.