
Соопштение за јавност на СДСМ:
Паника и распад се случуваат во криминалната коалиција на власт.
После распадот на ЗНАМ и повлекувањето на пратеникот во Собранието, советничката во Прилеп, сега пукнатините и јавно се гледаат во ВМРО-ОКГ.
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се повлекува затоа што не сака да потпишува документи за бизнисите на Мицкоски.
Документи кои можат да значат лична кривична одговорност поврзана со сомнителни новоградби, легализација на дивоградби, финансиски трансфери и фаворизирање на фирми.
Иако ВМРО-ОКГ се обидува да ја сокрие вистината со смешни оправдувања дека не станува збор за повлекување туку за „боледување”, фактите зборуваат сами за себе.
Има се повеќе луѓе кои гледаат што се случува и не сакаат да бидат параван или потписнци на криминалните шеми на Мицкоски и неговата група.
Во исто време, во самото ВМРО-ОКГ владее целосен хаос, внатрешни кавги и сериозни поделби.
Мицкоски ги отстрани потпретседателите во ВМРО што е доказ колкава недоверба има во нив.
ЗНАМ, како сателитска групација создадена и контролирана од Мицкоски со единствена цел да му наштети на СДСМ, веќе се распаѓа. Сега истото му се случува и во ВМРО-ОКГ.
Луѓето почнуваат да сфаќаат дека биле злоупотребени и вовлечени во систем на криминал, злоупотреби и корупција за кој наскоро ќе мора да се одговара.
Сѐ повеќе членови и функционери и во ЗНАМ и во ВМРО се свесни дека по падот на Орбан започнуваат сериозни истраги за политичко-криминалните мрежи во регионот.
Свесни се дека наскоро и Христијан Мицкоски и неговата криминална група ќе бидат предмет на тие истраги а дека ќе дојде време за одговорност за целиот криминал.
Од правдата никој нема да може да избега.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста.


