Skip to main content
Македонија

СДСМ: Падот на Орбан е лоша вест за Мицкоски

15/04/2026  09:04

Соопшптение за јавност на СДСМ:

Пишувањата на германските медиуми за поразот на Виктор Орбан се јасна и недвосмислена потврда на сè она на кое СДСМ го говори со месеци.

Падот на Орбан не е само внатрешно политичко прашање во Унгарија, има директни последици за целиот регион – особено за политичарите кои беа под негова целосна заштита, како Христијан Мицкоски. 

Но и за Александар Вучиќ и Милорад Додик кои се дел од „авторитарното братство”.

„Орбан постојано градеше мрежа од нелиберални аналитички центри, медиуми и партии, кои ги прошируваше, поддржуваше или вршеше послушни изобилни финансиски плаќања, чија иднина сега е неизвесна” наведува германскиот “Франкфуртер алгемајне цајтунг„.

Уште една потврда за веќе создадената мрежа на влијание, финансии и злоупореба на медиуми надвор од европските демократски стандарди. 

Дополнително, се потенцира дека со падот на Орбан се „затвора чадорот” што го имаше над Балканот, со што политичките актери кои се потпираа на таа поддршка остануваат без заштита и без клучен сојузник. 

Ова е директна потврда на ставовите на СДСМ за бизнис мрежата поврзана со Орбан, која имаше сериозно влијание врз процесите во регионот, вклучително и во Македонија.

Денес, германските медиуми го потврдуваат она што СДСМ го говори: падот на Орбан значи слабеење на антиевропските и автократски влијанија во регионот.

Тоа е лоша вест за Мицкоски. Паѓаат автократските режими. Следен е тој во Србија, па после тоа на Мицкоски кај нас.

Но тоа е добра вест за граѓаните. Добра вест за демократијата.

Доаѓа време за одговорност и правда.