Skip to main content
Македонија

СДСМ најави кривична пријава против пратеничката Салиу-Фетаи

14/03/2025  18:14

Пратеничката група на СДСМ на прес-конференција најавија дека е поднесат кривична пријава против пратеничката Имрлијe Салиу-Фетаи од „Влен“ за како што кажаа, грубо кршење на Деловникот околку денешното претседавање со собраниската Комисија за социјална политика, млади и демографија.

Членот 131 од Деловникот говори дека „дневниот ред на седницата на работното тело се утврдува на почетокот на седницата“. Ставот два вели „во дневниот ред може да се внесат и прашања што ги предложиле пратениците, претседателот на Собранието, и Владата“. Ова покажува дека парламентарното мнозинство предводено од ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ сакаат целосно да го стават под контрола Законодавниот дом. Притоа правата на пратениците да ги загрозат, да не се остави можноста на опозицијата воопшто да даде било каков предлог и секое едно одржување на седницата да биде само по прашање коешто сака да ги постави парламентарното мнозинство, рече тој.
Според Спасовски, ова е невиден атак на демократијата и рушење на демократичноста и демократијата во Законодавниот дом, таму каде што, како што рече, демократијата треба да биде најразвиена, затоа што Собранието по правило е храм на демократијата.