
Соопштение за јавност на СДСМ:
Додека Црна Гора започнува проверки на врските меѓу медиуми, телекомуникации и Алта банка, во Македонија сè е одамна докажано и документирано.
ВМРО-ОКГ е директно врзана за медиуми, телекомуникации и банка.
Орбан контролира околу 40 проценти од медиумскиот простор. Нови медиуми на Вучиќ влегоа на пазарот: Ало група, Информер и Euronews.
Телекомуникациската поддршка доаѓа од Орбановиот 4iG и од Вучиќевиот Телеком Србија – државен ресурс користен како приватен.
Алта банка служи како финансиер на системот, преку маркетинг агенции од ВМРО, примарно за Алфа ТВ и за порталите финансирани од Орбан.
Конкретен пример: истрагата за перење пари преку Словенија со фиктивни рекламни услуги, која Мицкоски ја блокираше во обвинителството.
Телеком Србија е сопственик на Euronews лиценцата. 4iG обезбедува телекомуникациска поддршка за пласирање на медиумските содржини.
Управувањето со сите овие медиуми се врши преку палката на БИА, човекот за Македонија, „началник” Латас и Ивона, уредничка на Euronews и Алфа ТВ. Тоа е македонската верзија на српскиот Информер.
4iG на Орбан и Телеком Србија ги плаќаат истите лоби куќи во Америка за Мицкоски и за Вучиќ. 4iG е поврзан и со трговија со оружје и со потребата за рудник на антимон.
Во Унгарија веќе три министри се уапсени. Обрачот се стеснува околу Орбан.
Во Србија Вучиќ падна. Почнаа апсења и истраги. Целиот правосуден систем почна да работи, а новата влада сè уште не е формирана.
Уапсени се главни луѓе во полицијата. Ова е само почеток на крајот на една голема организирана криминална група – балканскиот картел.
Мафијашки синдикат во кој е Христијан Мицкоски, а ВМРО е сестринска партија на СНС.

Сите коцки се сложија a картелот се распаѓа. Паѓаат како домино. Мицкоски остана сам да ја чува касата.

