Skip to main content
Свет

САД ја намалија проценката за долгот на Украина за 200 милијарди долари

16/04/2025  11:48

САД ги олеснија барањата до Украина да ја врати помошта што ја доби од САД за време на војната со Русија, изјавија извори за Блумберг Њуз.

Тие додадоа дека, по рунда преговори во Вашингтон минатата недела, администрацијата на претседателот Доналд Трамп проценила дека вредноста на помошта што САД му ја дале на Киев од почетокот на војната е околу 100 милијарди долари.

САД претходно процениле дека долгот на Украина е околу 300 милијарди долари.