Skip to main content
Магазин

Родители го тужат TikTok – тврдат дека е виновна за смртта на нивните деца

07/02/2025  23:50

Родителите на четворица британски тинејџери поднесоа тужба против TikTok, обвинувајќи ја платформата дека е одговорна за трагичната смрт на нивните деца. Тие тврдат дека тинејџерите, на возраст од 12 до 14 години, починале додека учествувале во опасниот „предизвик на онесвестување“, кој стана популарен на социјалната мрежа во 2021 година, пренесува Гардијан.

MK Summit

Тужбата беше поднесена од Правниот центар за жртви на социјалните медиуми во САД против TikTok и нејзината кинеска матична компанија ByteDance. Родителите ја обвинуваат платформата дека промовирала штетна содржина на малолетни корисници преку својот алгоритам, што довело до фатални последици.

Ова не е првпат TikTok да се соочи со критики за потенцијално опасни предизвици, а случајот повторно ја отвора дебатата за одговорноста на социјалните мрежи во заштитата на младите корисници.