Skip to main content
Култура

Распродаден концертот на Влатко Стефановски во Македонската филхармонија – закажан уште еден настап на неговиот роденден!

23/11/2026  08:48

Големиот интерес за концертот на Влатко Стефановски под наслов „Acoustic Night” резултираше со целосно распродадени влезници за настапот закажан на 17 декември во Македонската филхармонија во Скопје.

На концертот на 17 декември, на Стефановски на сцената ќе му се придружат врвни музичари: Мирослав Тадиќ, Дамир Имери, Горан Бојчевски, Зарина Првасевда, Maria Didraga, Наум Петрески, Јан Стефановски и Иван Кукиќ.

Публиката и на дополнителниот концерт ќе има можност да ужива во посебна акустична вечер, исполнета со безвременски композиции, виртуозни изведби и препознатливиот музички израз на еден од најголемите гитаристи на овие простори.

Програмата ќе опфати избор од богатата музичка кариера на Стефановски – од култните композиции на „Леб и сол” до најпознатите дела од неговата соло-кариера, во аранжмани што ги спојуваат рокот, џезот, етно и класичната музика.

Фактот што првиот концерт е распродаден уште еднаш ја потврдува големата почит и интересот што публиката ги има за музиката на Влатко Стефановски.

Новиот концерт на 24 јануари ќе биде посебна можност неговиот роденден да се прослави заедно со публиката, со музика, емоции и врвно музицирање.