Skip to main content
Македонија

Расправа за Дигитална писменост во Собранието

05/02/2025  08:37

Во Собранието денеска ќе се одржи расправа на тема „Дигитална писменост“ со учесници на Еразмус-програмата.

Како што информираат од собраниската прес-служба, расправата е во организација на Клубот за младински прашања и политики, во соработка со Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Франкофонијата.

На расправата се очекува да присуствуваат ученици и професори од други земји.