Skip to main content
Хроника

Расчистена серија тешки кражби во пет градови, уапсени две лица

15/09/2026  11:57

По преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани и ОВР Виница ги лишија од слобода В.З.(26) и Д.С.(43), двајцата од Кочани, поради сомнение за извршени повеќе кривични дела.

Имено, тие се сомничат дека во текот на август и септември оваа година на подрачјата на Кочани, Виница, Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип двајцата извршиле повеќе кривични дела од кои седум тешки кражби во станбени и деловни објекти, три тешки кражби во обид во станбени и деловни објекти и патнички возила и едно спречување на докажување, извршено од В.З.. При преземањето мерки, со судска наредба, извршени се претреси во нивните домови, при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од наведените кривични дела.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.