Skip to main content
Хроника

Стружанец починал по пад во ископ за бунар

15/09/2026  12:23

На 14.09.2026 во 15:15 часот во ОВР Струга е пријавено дека Б.М.(70) од струшкото село Октиси паднал во ископ за бунар во дворно место на куќа во селото, што го вршела градежна фирма.

Неговото тело било извлечено од припадници на Територијалната противпожарна единица од Струга, а смрт без траги на насилство констатирал лекар од Здравствен дом Вевчани. Увид извршија јавен обвинител, претставници од Државниот инспекторат за труд и полициски екипи. Врз телото на починатиот, ќе биде извршена обдукција.