Skip to main content
Македонија

Првата пешадиска бригада го одбележа Денот на единицата во касарната „Страшо Пинџур“

02/04/2025  15:22

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, Првата пешадиска бригада (1.пбр) од составот на Командата за операции (КО), која е најголемата борбена единица во Армијата, денеска го одбележа Денот на единицата.

На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата, пратеници, поранешни команданти, воени аташеи, претставници на локалната самоуправа и други гости.

Командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, во своето обраќање истакна дека оваа единица е столбот на воените традиции и пример за високите стандарди во обуката и оперативната способност, особено во контекст на петгодишното членство во НАТО.

Командантот на 1.пбр, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, нагласи дека бригадата е примарен капацитет за исполнување на обврските од членството во НАТО и додаде: „Нашата посветеност кон НАТО останува непоколеблива, затоа што тоа е вистинскиот пат“.

На настанот беа доделени НАТО медали на припадниците кои учествувале во мировни мисии, стимулативни мерки за најистакнатите припадници, а за најдобра единица во бригадата беше прогласена втората чета од 2. пешадиски баталјон.

Претседателот и врховен командант на Армијата го прогласи 2 април за Ден на 1.пбр, како датум на кој оваа единица ги презеде задачите на двете поранешни бригади, станувајќи најголемата борбена единица во Армијата на Република Северна Македонија.