Skip to main content
Хроника

Пронајдено мртво лицето по кое се трагаше во околината на Штип

05/01/2025  15:09

На 4 јануари 2025 година, во 09:30 часот, во Полициската станица Велес, У.К. (54) од село Горно Оризари пријавил дека неговиот братучед М.Г. (77) од истото село се оддалечил од домот.

Според пријавата, претходната вечер во 22:00 часот, пријателот на М.Г., В.С., кој работи во шлеп служба, добил повик од М.Г. Во разговорот, М.Г. информирал дека со своето возило „Спарк“ со велешки регистарски ознаки излетал во дупка на регионалниот пат Штип-Радовиш. Веднаш по повикот, В.С. заедно со У.К. и неколку други лица започнале потрага во текот на ноќта, но не успеале да го пронајдат.

На 4 јануари, во 12:00 часот, по претходна пријава во СВР Штип од Т.М., било констатирано дека вработен во ТИРЗ – Штип забележал починато лице на коловозот. Екипи од ПС за БПС Штип и СВР Штип веднаш излегле на терен заедно со итна медицинска помош, каде било потврдено дека станува збор за М.Г.

По насоки и овластување од надлежен јавен обвинител при ОЈО Штип, телото било предадено за обдукција.