
Променливо облачно време со повремени сончеви периоди се очекува денеска, четврток, 5 ноември, во Македонија. Во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а во одделни котлини за утринска магла.
Според прогнозата на УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 3 до 9 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 8 до 14 степени.
Во Скопје се очекува променлива облачност со северен ветер. Од петок облачноста постепено ќе се намалува и ќе има повеќе сончеви периоди, но утрата ќе стануваат постудени.
За викендот на одделни места се најавуваат температури под нулата. Во сабота утринските ќе се движат од минус два до шест степени, а во недела од минус три до пет. Дневните температури, сепак, ќе останат повисоки — до 16 степени во сабота и до 17 степени во недела.

