Рано утрово полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Неготино. При контролата во објектот биле затекнати и приведени три странски државјанки од Албанија кои го злоупотребиле туристички престој во РСМ, односно престојувале спротивно на целта.
Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.